Минатиот месец беше објавено дека легендата во ММА Ројс Грејси се враќа во акција, за да се сретне по трет пат против Кен Шемрок. Пресметката е закажана за февруари, за време на Белатор 149.
Последен пат Грејси го видовме во акција во далечната 2007 година, но според него, дури и сега, кога е на 48 години, се уште има што да покаже.
Еве што изјави една од најсаканите ѕвезди во овој спорт:
„Мислам дека со здравјето сум прилично подобар од Кен Шемрок. Не пијам, не пушам и живеам исклучително здраво. Јас сум две години помлад од него и плус тоа живеам на многу здрав начин.
Се чувствувам одлично. Сегашниот педесет годишен Ројс со леснотија би го победил помладиот Ројс. Додека сегашниот Кен Шемрок сигурно нема шанси против својата помлада верзија. Сегашниот Ројс Грејси има талент и огромно искуство“.