Рој Џонс: Минатата недела имавме допинг-тест, но сакам да се борам дури и ако Тајсон е позитивен!

Рој Џонс Јуниор откри како Мајк Тајсон и тој минатата недела биле тестирани на допинг.

Егзибицискиот боксерски меч помеѓу Мајк Тајсон и Рој Џонс Јуниор. треба да се одржи на 28 ноември во Лас Вегас, што е два и пол месеци по првично планираниот датум, но исто така и доволно време за да ги доведат искусните ветерани во најдобрата можна форма. Џонс вчера беше на настан на неговата Рој Џонс Јуниор бокс промоција и таму се состана со медиумите кои од него добија некои нови изјави.

„Еднаш, многу одамна, сакав да се борам со Мајк. Кога ја освоив титулата во тешка категорија против Џон Руиз, Тајсон беше единствениот противник за кој бев заинтересиран. Бев на мислење дека ќе се борам со него или ќе се вратам во полутешка категорија. Тајсон токму тогаш ја заврши кариерата, па се вратив во мојата категорија“, се присетува Џонс на старите денови.

Потоа откри една интересна информација. Имено, иако средбата против Тајсон е егзибициска и двајцата ќе треба да потврдат дека се „чисти“, односно допинг-тестот им го направила агенцијата ВАДА.

„Бевме тестирани. Ме тестираа минатата недела, а исто така и Мајк. Не сум загрижен затоа што немам причина да се грижам. Јас сум момче од старата школа, знаеш што сакам да кажам со тоа? Се надевам дека Тајсон ќе го помине тестирањето, но јас го сакам, независно од тоа каков е. Искрено се надевам дека сè ќе биде во ред, бидејќи во спротивно би можеле да ни го откажат мечот. Но, дури и да не е, сакам да се борам против него”, откри Џонс, на карјот одби да спомене нешто за неговиот хонорар:

„Не ми е грижа за заработката, не го прифатив овој меч заради тоа. Го прифатив затоа што одамна ја сакав таа борба. Ако луѓето што се дома, ги носат проклетите маски и не прават ништо, можеме да ги донесеме двата највозбудливи шампиони во тешка категорија на рингот, зошто не“?

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО