Рој Џонс Јуниор откри што мисли за ударот на Дубоа со кој го собори Усик во првиот меч

Одличните боксери Александар Усик и Даниел Дубоа на 19 јули на Вембли ќе се борат за апсолутната титула светски шампион во тешка категорија, а тоа ќе биде втора борба во нивните кариери.

Нивната прва борба се одржа во август 2023 година на стадионот Вроцлав, кога Усик го победи Дубоа со нокаут во деветата рунда. Шампионот доминираше во борбата и го погоди противникот со одлични комбинации.

Во петтата рунда Британецот го удри Усик под појасот, што предизвика борбата да биде прекината за момент. Александар доби неколку минути да се опорави, а потоа неколку рунди подоцна, тој ефикасно ја заврши борбата.

Даниел, неговиот тренер Дон Чарлс и промоторот Френк Ворен, оттогаш повторуваат дека ударот во телото во петтата рунда бил легален, а судијата требало да му брои Усик.

Поранешниот светски шампион во четири категории, Рој Џонс Јуниор, се согласува, забележувајќи дека знае колку боли таков удар.

„Мислам дека не беше низок удар, туку многу добар удар… Понекогаш ударот паѓа на границата и го соборува противникот“, рече американската боксерска легенда.

Оттогаш, 27-годишниот Дубоа е во победничка серија во која ги победи Џарел Милер, Филип Хрговиќ и Ентони Џошуа.

Непоразениот Украинец ги носи на рингот титулите на ВБЦ, ВБА и ВБО кои успешно ги одбрани во реваншот против Тајсон Фјури, додека Дубоа ќе го заложи појаост на ИБФ, кој го одбрани минатата година со нокаутирање на Еј Џеј.

Фото: Квинсбери

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON