Рој Џонс Џуниор објави дека син му се самоубил

Боксерската легенда Рој Џонс Јуниор побарал приватност во понеделникот откако ја открил смртта на неговиот син ДеАндре со самоубиство.

Во писмената изјава објавена од Џонс на платформите на социјалните мрежи се наведува дека ДеАндре си го одзел животот во саботата. Џонс рече дека ја поминал последната ноќ на ДеАндре со него и со другите членови на семејството.

„За жал, мојот син ДеАндре си го одзеде животот во саботата“, напиша Џонс. „Толку сум благодарен што Бог ми дозволи да се вратам дома во петок навечер за да ја поминам последната ноќ од неговиот живот со мене и со семејството. Знам дека многу луѓе минуваат низ тешки времиња во моментов, но ништо не вреди да посегнеш по животот. Бог го дава и Бог треба да го одземе“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON