Рој Џонс посака меч со ММА легендата Андерсон Силва

Поранешниот апсолутен светски шампион во лесно-тешка категориај Рој Џонс – Јуниор (САД), изјави дека сака да се бори со ММА легендата Андерсон Силва (Бразил). Според Американецот, нивниот меч може да се одржи на истата галавечер во која Флојд Мејведер ќе се бори со Конор Мек Грегор.

„Тоа ќе биде уникатен настан“, рече Рој Џонс.

Гласините за средбата меѓу Американецот и Бразилецот циркулираат во последните десет години. За прв пат се појавија во времињата кога Андерсон Силва беше тотален владетел во средна категорија и го газеше секој противник. Во моментов Јужноамериканецот не е во најдобра форма, иако победи во последниот меч против Дерек Брансон. Предходно немаше победа повеќе од четири години.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON