Легендата на американскиот бокс, Рој Џонс – Јуниор, возврати на жестоките напади што беа упатени кон него.
Поранешниот светски шампион беше критикуван откако се согласи да учествува во уникатниот меч. Тој ќе се бори со 33-годишниот фан Вајрон Филипс. Навивачот успеа да се избори меѓу 1.500 други приврзаници, кои исто така испратија свое мотивационо видео. Во 90-секундиот клип секој од нив објаснува зошто сака да биде во рингот со 47-годишниот ветеран.
„Не ми е гајле за критичарите, бидејќи тие секогаш ќе критикуваат, а всушност што направиле. Немам време да им објаснувам некои работи на овие луѓе. Ако во мојата кариера одговарав на критичарите, немаше да дојдам тука“, истакна Рој Џонс.
Ако Вајрон Филипс го победи Рој Џонс, тој ќе си замине со награда од 100.000 долари.