Поранешниот боксерски шампион во четири категории, Рој Џонс – Јуниор, има намера да се бори со навивач. Боксерот (47 г.) со руски пасош е подготвен да плати 100.000 долари на оној кој ќе успее да го совлада. Секој мераклија за средба на рингот со Џонс може да се вклучи во кастингот, да направи видео од 90 секунди во кое ќе објасни зошто токму тој е достоен за ривал.
Средбата ќе се одржи на 20 март во Феникс во рамките на гала вечерта во ММА и професионален бокс.