Рој Џонс: Браќата Кличко бегаат од мене!

roj-dzons-putin

Рој Џонс – Јуниор знае како да привлече вниманието на медиумите и навивачите. Со поднесувањето на барање за руско државјанство тој го навлече гневот на Американците и Украинците. Директна последица на неговото барање за државјанство е ставање на неговото име на црната листа. Тој веќе нема право да ја посетува Украина .

„Дојдов во Русија тивко, како што го правам тоа во последните четири години. Не сакам никого да навредам. Тука сум се боксирал, сум ја надоградувал мојата музика, а со компанијата промовирав мечеви и боксери. Нашиот пријател Влад Хрјунов ми кажа дека има шанса да се состанам со претседателот Путин, што беше голема чест за мене. Го прашав претседателот Путин за пасош, за да биде полесно моето одење и враќање од земјата, а, освен тоа, ќе ми помогне да развијам мојот бизнис. Но, тоа не е нешто ново. Неколку години зборуваме за можноста да добијам руски пасош. Знам дека браќата Кличко бегаат од средба со мене. Тоа е нивниот начин да се одбранат од мене. Подготвен сум да се борам со нив на секое место надвор од Украина. Тие знаат како да ме најдат“.

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON