Коментаторот Џо Роган на едно свое предавање ја изнесе можноста УФЦ да воведат нови категории. Според него, тоа може да се случи во блиска иднина.
„Мислам дека УФЦ ќе додаде нови категории, зашто ги нема доволно. Има доста големи дупки – како од 84 кг (средна) до 93 кг ( полутешка). Тоа е разлика од речиси 10 килограми – огромна е. Има луѓе кои се премногу лесни за едната, но премногу тешки за другата. Тие, на пример, може да се вклопат до 88 кг. Добро е на секои 5 килограми да има категорија“.