Роберто Ацковски со подвиг, Јована Георгиева немоќна против Пендаровска, фаворитите во елемент

За две недели младите каратисти на Македонија имаа две можности да изборат место во репрезентацијата за Светското првенство за кадети, јуниори и јуниори 21 во Шпанија, секако првата со повисок коефицинет беше Државното изборно првенство пред две седмици и вчера Бергер турнирот.

Во суштина фаворите ги оправдаа очекувањата, но имаше и неколку позитивни изнендаувња вчера, бидејќи Бергер турнирот е со хендикеп, затоа што има коефициент 2, Државното 3, така што е многу тешко да се стигне првиот.

Најпријатно изненадување е јуниорот Роберто Ацковски (-68 кг) од Металург кој го победи првопласираниот на Државното изборно првенство Марко Костов Олимпик спорт со 8-0, но ги доби и другите две борби, додека Костов ги загуби мечевите и со Глигор Петков-Металург и Адријан Махмути – Фати. Така Ацковски си обезбеди место во репрезентацијата.

Клупскиот другар на Костов, Фаик Весели, квалитетен картист и медалист од Европското првенство, треба да жали за грешката што ја направи, односно инциденот, за кој со неговиот противник Усаме Бајрами – Металург добија шикаку/дисквалификација. Засега место во репрезентацијата има за Дагин Фејзули – Фати.

 

Можеби најголемо изненадување е освојувачката на бронзениот медал од сениорското Европско првенство Јована Георгиева – Македонка. Таа на Изборното беше поразена од трикртаната европска медалистка на ЕП за кадети, јуниори и У-21 Моника Пендароска со убедливи 5-0, а на Бергерот не се појави во У-21 до 55 кг.

И во категоријата до 55 кг кај јунироите имаше интересна пресметка меѓу европските медалисти Столе Смилков – Олимпик спорт и Абдурахим Идризи – Макпетрол. Столе беше прв, а Абдурахим трет на Изборното. Идризи убедливо ги совлада сите противници, вклучувајќи го и алтуелниот државен првак Смилковски. Но поради системот на бодување, најверојатно не ќе може да ја претставува Македонија на Светското првенство.

Меѓу оние кои потфрлија вчера е Марија Милева (-47 кг, кадети), а беше прва на Изборното.

Од друга страна, фаворитите, од кои може и да очекуваме некој од нив да освои медал на Светското првенство ги опрвадаа очекувањата. Тоа се Петар Спасеновски (-84 кг), Семир Ќоосвиќ (+84 кг), Петар Заборски (-67 кг), Димитар Илиевски (-67 кг) и Давид Петков (-60 кг) во У-21, кај жените Ана Савиќ (+68 кг), Ангела Мојсовска (-68 кг), Вероника Костовска (-61 кг), Моника Пендаровска (-55 кг) и Азра Цури (-50 кг).

Кај кадетите Иво Мишачковски, Христијан Стојановски, Марио Свинарски, Дритон Халими, како и Марија Петровска, Викторија Јовановска. Јуниорите Филип Несторовски, Вегим Мурати, Столе Смилковски (Абдурахим Идризи) и јуниорките Симона Симовска, Вјлоца Гафури и Драгна Манговска.

Во делот на катите сестрите Димоски, Маријана и Мишела, покажаа дека се неприкосновени во кати, а Маријана е прва во кати поединечно во У-21. Кај јуниорите Камческа и Јован Васиќ се најдобри, а Владнака Авраммова и Александар Неделковски меѓу кадетите, додека во У-21 Маријана Димоска и Ферри Исиќ.

Во кати екипно кадети-јуниори Урбан инвест-жени и Гладијатор-мажи се најдобри.

Сепак, не е сигурно дека сите ќе патуваат на СП што обезбедија први места, бидејќи има еден на квалитетен критериум со кој се бараат и број на победи. Но, не е само тоа, најверојатно и ИО на КФМ ќе одлучува за патниците во Шпанија. Или, како што велат на шега тренерите, сигурни се само функционерите.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON