Роберто Ацковски наместо јунак вечерва стана трагичар на Светското првенство во карате за кадети, јуниори и У-21, затоа што водеше со 6-4 против Абилмансур Батиргали (Казахстан), но на крајот е диквалификуван. Со победата Ацковски обезбедуваше пласман во полуфиналето и борба за финале.
Од кои причини дошло до дисквалификација ќе треба да објаснат од водството на репрезентацијата. Уште полошо е што неговиот противник загуби во полуфиналето и не му овозможи борби во репасажот.
Претходно Ацковски имаше три победи, а вака ќе остане и без пласман. Од друга страна, треба да се нагласи дека неговиот тренер и на повеќето репрезентативци, Мирче Јанушевски, не отпатува на Светското првенство од причини познати на КФМ.
Резултати
Јуниори борби
-68 кг – 68 натпреварувачи
Роберто Ацковски – Цезар Таварес (Венецуела) 1-0
Роберто Ацковски – Леон Томљановиќ (Хрватска) 1-0
Роберто Ацковски – Мохамед Алмалики (Саудиска Арабија) 3-3 (прв освоен поен)
Роберто Ацковски – Абилмансур Батиргали (Казахстан) 6-4 (дисквалификација)
-53 кг – 48 натпреварувачи
Драгана Манговска – Ели Арапоглу (Грција) 2-0
Драгана Манговска – Аири Шима (Јапонија) 1-1 (прв освоен поен за Јапонката)
-59 кг – 58
Вјолца Гафури – Марија Азрова (Белорусиај) 0-2, 2.коло
+59 кг – 45
Симона Симовска – Марија Алијаксејева (Белорусија) 2-2 (прв освоен поен)
Симона Симовска – Софија Берлуцева (Казахстан) 0-0 (на изјаснување)
-55 кг -57
Столе Смилковски – Самвел Ајдинијан (Ерменија) 0-0 (2.коло, на изјаснување)
Столе Смилковски – Масаки Јамакома (Јапонија) 0-0 (на изјаснување)
-61 кг – 60
Фаик Весели – Омар Алнајајар (Јордан) 3-5
-76 кг – 69
Филип Несторовски – Ади Гјурик (Словачка) 0-1
Ipon.mk/В.Д.