Поранешниот шампион на УФЦ во средна категорија, Роберт Витакер (24-6) има два порази во шест борби во последните три години.
Двапати загуби од Израел Адесања, во првиот меч во октомври 2019 година остана без титулата, а беше поразен и во реваншот во февруари годинава.
Австралискиот борец роден во Нов Зеланд на почетокот на минатиот месец со едногласна одлука го победи Марвин Ветори, а сега договори нова борба.
Нов противник на Витакер ќе биде шестопласираниот предизвикувач Пауло Коста (14-2), а нивната борба е вклучена во програмата на настанот УФЦ 284 кој ќе се одржи на 11 февруари во Перт.
Бразилецот се врати со победа по поразите од Израел Адесања и Марвин Ветори, во август со едногласна одлука на судиите го совлада Лук Рокхолд.
По последната победа Коста изјави дека му останува уште една борба во УФЦ според актуелниот договор.