Роберт Хелениус суспендиран на две години, бидејќи паднал на допинг тестот по мечот против Џошуа

Роберт Хелениус доби две години забрана за бокс бидејќи падна на допинг тест по поразот со нокаут од Ентони Џошуа во август минатата година.

Финецот загуби со нокаут во седмата рунда на настанот во лондонската О2 aрена, а Еј Џеј го продолжи враќањето во елитата по двата последователни порази од Aлександaр Усик.

А Хелениус влезе во тој меч како замена за Дилиeн Вајт, кој се повлече од борбата откако падна на доброволен допинг тест.

Британската антидопинг агенција (УКАД) ја објави забраната на Хелениус преку соопштение:

„Финскиот професионален боксер Роберт Хелениус доби две години суспензија. Г-дин Хелениус беше тестиран од Антидопинг агенцијата на ОК (УКАД) по неговата борба на 12 август 2023 година против Ентони Џошуа во лондонската О2 арена. Анализата на неговиот примерок откри присуство на кломифен“.

Во своја одбрана, Хелениус изјави дека верува оти јадел загадена храна, која ја внесувал со „јадење јајца и пилешко месо“, но не можел да го докаже тоа.

По Хелениус, Џошуа со прекин ги победи Ото Валин и Френсис Нгану, а следниот настап треба да го има на 21 септември на Вембли во меч за светскиот шампионски појас на ИБФ против Даниел Дубоа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON