Рјабински: Мечот со Вајлдер е во Русија за Саша да се чувствува комфорно

Rajabinski-povetkin galva v glava

Човекот кој ја изведе Русија на професионалната боксерска карта – Андреј Рјабински повторно ќе има водечка улога во еден од најпознатите натпревари што се очекува оваа година.

Тој победи на тендерот за организирање на дербито за титулата на Светскиот боксерски совет во тешка категорија меѓу Дионтеј Вајлдер и Александар Поветкин. Средбата ќе се одржи на 21 мај во Москва.

„Се прашував дали да организирам натпревари во Русија или САД. Во САД слична средба е комерцијален проект, но јас ја следам другата цел. За мене е важно Саша да се чувствува удобно. Покрај тоа, сакам да направам импресивни настани во мојата земја“.

Рјабински потврди дека ќе има сериозна допинг контрола намечот. Се уште не е јасно кој и на каков начин ќе ги врши тестовите. Двете страни не се договорени за тоа.

https://youtu.be/5rQJ2th9sw4

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON