Ризин сакаат да му го стокмат Вондерлеј Силва или Брок Леснар за противник на Федор Емилијанеко

Fedor pred mikrofon

По триумфалното враќање на Федор Емилијаненко на новогодишната ноќ беше објавено дека „Последниот император“ ќе се потруди следната средба да биде некаде околу април.

 Веднаш по оваа вест, почнаа шпекулациите околу името на следниот негов противник.

Еве што рече потпретседателот на Ризин, Џери Милен, за Submission Radio за можноста Емилијаненко да се сретне со Вондерлеј Силва или Брок Леснар:

„Би се радувал ако успееме да ги убедиме Вондерлеј Силва да се бори во Јапонија. Тој е вистински борец. Чесно треба да кажам дека тој е еден од моите омилени борци во светот, бидејќи секогаш дава се од себе до крај. Без разлика дали победува или губи. Вондерлеј Силва е вистински воин и тоа постојано го докажува. Во неговите мечеви или го напаѓаш и конечно му удираш клоца в газ или тој ќе го изудира твојот. Го сакам Вондерлеј Силва. Тој е многу добар пријател и јас би сакал да го видам во Јапонија“.

“Се разбира, мислам дека битката меѓу него и Федор ќе биде многу неизвесна. Сметам дека навивачите ќе бидат многу задоволни на таков меч. И јас, исто така би се радувал, иако сум многу близок и со двајцата. Од една страна, не би сакал двајца пријатели да се борат меѓу себе, но од друга – тоа е само спорт, таков е бизнисот“.

„Ако пак Брок се согласи на овој меч, исто така биде многу интересно. Го познавам Федор и веќе имаме разговарано за оваа можност. Но, колку што знам, Брок уште е врзан со WWE. Сигурен сум дека неговиот договор се уште не е истечен, а слушнав дека може да потпише и со УФЦ. Па не знам. Тие никогаш не би дозволиле ваков меч. Значи, ако тој навистина не е врзан со УФЦ, можноста за оваа пресметка е голема“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON