Ризин планира настан во Русија, Федор повторно во главната улога

Fedor-Sakakibara

Може да ја наречеме прилично успешна приредбата на Ризин што се одржа кон крајот на минатата година во Јапонија. Охрабрени од таквиот исход, лидерите на новонастанатата јапонска организација сакаат да организираат настан во Русија, а целата приредба уште еднаш би требало да помине во знакот на Федор Емилијаненко.

„Ако е можно, ќе организираме турнир во Русија и тоа што поскоро. Можеби и ќе го реализираме во 2016 година. Хироши Хасе, јапонскиот министер за образование, култура, спорт, наука и технологија, му врачи подароци на Федор во име на јапонската влада. Спортски односи меѓу Русија и Јапонија зајакнуваат и ние би сакале да стане мост што води кон тоа“, порачуваат од врвот на јапонската боречка промоција.

Ова треба да биде третиот настан организиран од промоцијата на Сакакибара. Следниот настан на распоредот е планиран за април, повторно во Јапонија со Федор во главната улога.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON