Ристовски ги најави ваучерите, но и буџет за субвенционирање на врвен спорт

Од понеделник ќе објавиме јавен повик за сите оние федерации кои се натпреваруваат во Европа, на кој ќе може да се пријават за помош и за оваа цел има одвоени се 84 – 85 милиони денари, кои ќе бидат поделени на федерациите што се натпреваруваат во Европа, а во наредбите 14 дена после овие средства следува финансиска помош од државата која претходно се викаше ваучерски систем, а ние ќе ја наречеме поинаку. За крај оваа прес-конференција сакам да ја завршам со тоа дека допрва доаѓаат поубави времиња за спортот и сакам да кажам дека  Македонија ќе се грижи за своите чеда и нема да дозволиме никаква корупција во спортот, а целата помош за младите надежи ќе бидат строго контролирани, кажа министерот за спорт Борко Ристовски 

Министерот за спорт Борко Ристовски, на прес-конференција, обелодени дека се обезбеден средства за помош на врвниот спорт, како и средства за исплата на ваучерскиот систем, кој во иднина ќе се вика поинаку и повеќе нема да се дозволи корупција со овие средства, поточно ќе се сведе на минимум и воедно ги повика сите федерации и клубови да аплицираат за помош на повикот од Министерството за спорт, кој ќе биде објавен наредната недела по строго одредени правила.

Оваа прес-конференција сакам да ја почнам со убави вести, а тоа е дека се обезбедени средства за исплата на ваучер систем, иако беше корумпиран и сè што се случуваше потоа, со сите обвиненија. Ние одлучивме да одиме по поинаков пат, воведување на измена во законот за нулта корупција во спортот, односно намалување на минимум на корупцијата и подобрување на врвниот спорт.

Изминативе два месеци работевме напорно, обезбедени се субвенции кои ги немаше во претходниот буџет, но најдовме средства за исплата, а направивме и нова програма за субвенционирање, тоа значи дека ќе се субвенционираме врвен спорт од парите од игрите на среќа.

Повик до сите спортски федерации и клубови кои се натпреваруваат во Европа да аплицираат. Направивме неколку измени, ги тргнавме  критериумите за ваучерскиот систем, поточно она што значеше корупција. Затоа горд сум на мојот тим што го спроведе ова и отсега натаму  ќе се дава поинаква финансиска помош, вистинска помош за млади и врвен спорт.

Според нашата национална стратегија направивме градација, приорите во финансирањето се четирите федерации со најмногу успех и градација на спортовите на олимписки и неолимписки и оние што носат врвни резултати.

Од понеделник ќе објавиме јавен повик за сите оние федерации кои се натпреваруваат во Европа, на кој ќе може да се пријават за помош и за оваа цел има одвоени се 84 – 85 милиони денари, кои ќе бидат поделени на федерациите што се натпреваруваат во Европа, а во наредбите 14 дена после овие средства следува финансиска помош од државата која претходно се викаше ваучерски систем, а ние ќе ја наречеме поинаку. За крај, оваа прес-конференција сакам да ја завршам со тоа дека допрва доаѓаат поубави времиња за спортот и сакам да кажам дека Македонија ќе се грижи за своите чеда и нема да дозволиме никаква корупција во спортот, а целата помош за младите надежи ќе бидат строго контролирани, кажа министерот за спорт Борко Ристовски.

Тој претходно во интервју за „Република“ истакна и дека нема да има помош за спортските легенди кои ќе рекламираат казина и обложувалници.

-Недостојно е рекламирањето на обложувалници. Треба да се воведе ред, односно систем на вредност и начин на однесување на спортските функционери и на спортистите. Треба да се елиминира недостојното однесување на сите претседатели коишто се однесуваат така, на нивното работно место и надвор од него. Мора да создадеме градација, да кажеме дека дотука е доволно, а на сите оние коишто добиваат државна помош и притоа рекламираат казина и обложувалници да им биде прекината помошта што ја земаат од државата. Повторувам, недостојно е за кој било спортист да рекламира спортски обложувалници, истакна Ристовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON