Ристо Димитров се квалификува за Светското спартанско првенство во легендарната Спарта

По одличниот перформанс на „Спартан трифекта викенд“ во Џебел Сифах во Оман и одличните резултати се квалификував за Светското трифекта првеснтво кое ќе се одржи следната година на 22 ноември во историската Спарта, вели нашиот сестран спортсит Ристо Димитров – Чурино, откако му беше соопшетно дека се квалификувал за Светскиот шампионат во Спарта, каде што еднаш на дело ќе ги покаже издражливоста, моќта и спортскиопт дух.

„Ќе се натпреваруавм со најдобрите во светот на најголемиот спортски настан. Мислам дека сум и првиот Македонец на вакво натпреварување. Се надевам ќе направам добар резултат и ќе донесам медали за Битола, за Македонија“, изјави Димитров за Ипон.мк.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON