Ристо Димитров-Чурино стана партнер со Интернационалната комбат ассоцијација

„Голема чест и задоволство ми е да го објавам партнерството со Интернационалната комбат ассоцијација, кое го официјализиравме денес со нивниот потпретседател Емил Заинетдин, од кого го примив и овој медал во знак на отпочнување на нашата соработка“, ,вели нашиот тренер и борец во повеќе боречки ветштини во Оман Ристо Димитров-Чурино.

Димитров истакнува дека на средбата разговарале како може со заеднички напори да ги промовираат и да го подобрат статусот на боречките спортови во двете држави и како да им помогнат и да им дадат поддршка на младите борци и спортисти.

„Од мое име и од име на моите соработници би сакал да им се заблагодарам за укажаната доверба и дадената чест токму јас да бидам избран за нивни партнер и соработник“, вели Ристо.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО