Ристо Димитров – Чурино го освои појасот на Барабер фајт 3 (ФОТО)

Ристо Димитров – Чурино го освои појасот на Барабер фајт најт 3.

Димитров го совлада Дарко Кнежевиќ од Србија нанастанот што се одржа синоќа во Белишќе – Хрватска, со граунд енд паунд во првата рунда..

Ова е втора победа од враќањето на Ристо на ММА борбите, а во повртаничкиот меч по двегодишна пауза во јуни славеше со арм бар во првата рунда на Импакт фајт најт во Нашице, Хрватска, против Марко Шпириќ од КБК Тигар од Жабањ, Србија.

„Борбата течеше супер и како шо планирав. Прво го тестирав противникот, затоа што не беше ни најмалку наивен и е искусен борец. Проба неколку удари со нога и рака, потоа видов шанса и направив влез на нозе и со дабл лег тејкдаун го донесов на партер. Се бранеше силно, ама во партер сум подобар. Влегов во фулл маунт и го завршив со неколку удари уште во првата рунда.

Секоја чест за противникот кој беше добар и јак противник со повеќе од 100 борби во бокс, кикбокс и ММА“, вели Димитров.

Нивната борба беше главна на настанот, на кој се одржаа 13 профи ММА борби, три профи бокс (една е за појас) и еден меч е бокс без ракавици. На Барабер фајт 3 настапија познати борци од овие простори, како Кокора, Зидар, Пешут, Сумиќ, Ливаја и многу други.

Настанот беше во организација на Јуропијан топ фајтерс (ЕТФ) и главниот менаџер Кристија Ускоковиќ – Ускок.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON