Ристо Дарлев: АМС да одговори како е доделна наградата „8 Септември“ за животно дело!

Македонскиот борач, тернер и селектор, Ристо Дарлев, поднесе претставка по повод државната награда „8 Септември“ за животно дело и признанија за високи остварувања во областа на спортот, за кои има повеќе реакции. Дарлев ја оспорува нагрдата за животно дело. 

Да потсетиме дека шахистот Иван Кочовски ја доби овогодинашната државна награда за животно дело „8 Септември“, која по шести пат ја додели Агенцијата за млади и спорт (АМС). Признанија за остварувања во областа на спортот добија каратистот Петар Белистојановски, пливачот Александар Коцевски Џајо, ракометарот Ристо Магдинчев и кајакарот Ѓокица Николовски.

„Сакам да ми објаснат по кои критериуми е доделана наградата, дали по резултати дали по пријателска линија. Ќи бидам упорен и од сите надлежни истанци во државата ќе барам одговор. И не само тоа, туку и да ми објаснат како се доделувани наградите 4 години  наназад“, вели Дарлев за Ipon.mk.

Ристо Дарлев за своите постигнувања се најде и на списокот на великаните на Македонскиот олимписки комитет (МОК), а тој е носител и на државната награда „8 Септември“, која се доделува за посебни постигнувања и афирмација на спортот.

РИСТО ДАРЛЕВ

Роден: во 1952 година во Костурино, Струмичко
Кариера: БК Скопје, Вардар и репрезентација на Југославија
Успеси: 10-то и 11-то место на ЛОИ во Минхен и во Монтреал, трет на ЕП за младинци, четири медали од Балканијадите и три медали од Медитеранските игри, екипен европски вицешампион со Балканец
Тренерска кариера: тренер-селектор на сениорската репрезентација на Македонија, 3-то место со Ибрагимов на Олимпијадата во Сиднеј во 2000 година, златен медал на ЕП во Минск-Белорусија со Ибрагимов, селектор на кадетите на Македонија, второ место од СП во Дуизбург, тренер на македонската младинска репрезентација

Ipon.mk/В.Д.

Фото: ФБ

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON