Ристе Грбев беше дел од стручниот штаб на Регионалниот боксерски тим против репрезентацијата на Италија во Подгорица, Црна Гора, во кој во саботата славеше со 12-6, а беше составен од боксери од Регионалната боксерска лига. Покрај Грбев, настапија и нашите боксери Алмир Нуришов и Денис Муаремовски.
„Манифестација што најверјатно што ќе продложи и со други држави од Европа“, ги кажува своите првични впечатоци тренерот на Пинк Пантер, Грбев кој додава дека италијанската репрезентација е многу влијателна и со многу искусни боксери од Европски, Светски првенства и Олимписки игри.
За настапот на нашите боксери вели:
„Борбата во лесна категорија меѓу Денис Муаремовски и Рикардо Чимино, искусен боксер кој беше превисок за својата категорија, со контрагард и шампион на Италија, беше прекрсана. Нашиот боксер даде се од себе, но предноста беше на страната италијанскиот боксер кој заслужено победи. Алмир Нуришов го повреди рамото во втората рунда поради што мораше да ја предаде борбата“.
За останатите борби истакнува дека биле феноменални со многу тактички надмудрувања.
„Во 56 кг Душан Јањиќ во првата рунда не се снајде баш најдобро, во втортата и третата имаше прекрасен настап и зададе два нокдауни со кои извојува победа. Адем Фетаховиќ (69 кг) имаше одлична борба со тактичко надмудурвање над шампионот на малдинските Олимписки игри. Алекса Марковиќ (75 кг) прекрасно избоскува со шампионот на Италија кој учествува во ВБС лигата. Дамир Плантиќ (81 кг) беше супериорен против италијанскиот боксер со многу разноврсни удари. Лука Пртљачиќ (91 кг) многу пододбар од својот противник кој капитулира уште во правта рунда, односно го преддае мечот. Милутин Станковиќ (+91 кг), по мене, со противникот ја прикажаа најдобрата борба на двомечот, а противник му беше Гвидо Вајанело учесник на ОИ, во кој имаше многу разноврсни удари, сепак мала предност имаше Гвидо и заслужено победи. Иван Ерцман (+91 кг) и ривалот разменија многу тешки удари. Ерцман извојува заслужена победа“, истакнува Грбев.
Ристе вели дека патувањето во Подгорица е реализирано со помош на Боксерската федерација на Македонија, со што БФМ дала огромен придонес за развој на македонскиот бокс.
За импресиите од двомечот на Регионален тим – Италија и што значи тоа за македонскиот бокс Грбев вели:
„Убаво е да се чуе на овие големи натпреварувања името на Пинк Пантер, а со тоа и на Република Македонија. Мислиме дека овде нема да застанеме, ќе се потрудиме Македонија да се вклучи на многу турнири низ Блаканот. Од друга страна, имавме многу добар пречек од домаќините. Ова беше прекрасно чувство и, всушност, е ретка можност човек биде учесни на двомеч на две репрезентации“.
Грбев нагласува дека за реваншот во Италија треба да се видат некои работи со РБЛ, а ако бидат поканети повторно ќе усчествуваат.
Резултати:
Халит Ерилмаз – Душан Јањиќ, БК Лазаревац / Металец 0-2
Матија де Бјанки – Алмир Нуришов, БК Пинк Пантер 2-0, прекин Р2
Рикардо Цимино – Денис Муаремовски, БК Пинк Пантер 2-0
Винченцо Аречија – Адем Фетаховиќ, БК Радник 0-2
Рафаеле Муно – Алекса Марковиќ, БК Лазаревац / Металец 0-2
Рикардо Валентино – Дамир Плантиќ, БК Сесвете 0-2
Микеланџело Луси – Лука Пратљачиќ, БК Сесвете 0-2 прекин Р2
Гвидо Вајанело – Милутин Станковиќ, БК Лазаревац / Металец 2-0
Мирко Карботи – Иван Ерслан, БК Сесвете – 0-2
Ipon.mk/В.Д.