Рио Фердинанд ќе боксира само еднаш

Поранешниот англиски фудбалски репрезентативец Рио Фердинанд објави дека планира да направи само еден професионален бокс меч и дека нема да започне кариера. 38-годишниот дефанзивец сериозно ги почна подготовките.

„Сакам да знам дали ќе успеам да добијам боксерска лиценца. Нека помине првата борба, а потоа ќе видам. Можеби ќе ми се допадне и ќе одлучам да продолжам. Сериозно се однесувам кон работите, бидејќи боксот не е шега“, рече Фердинанд.

https://youtu.be/e-DxQUiWxKg

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON