Рико Верховен против Бигфут Силва

Глори одлучи да поведе својот шампион на Далечниот исток, откако неславно го заврши дебито на кинеско тло.

Рико Верховен во јануари 2015 година изненадувачки е поразен од Андреј Герасимчук, а оттогаш нанижа седум победи и Глори својата најголема ѕвезда ја носи на првиот кинески настан. За жал, во реваншот нема да се бори Белорусинот, туку се потврдија гласините што се вртеа во последните неколку недели.

Шампионот во тешка категорија ќе се бори против ММА борецот и поранешен предизвикувач за титулата на УФЦ, Бигфут Силва.

Глори 46 ќе се одржи на 14 октомври во Гуангжу, а појасот за првак во оваа категорија нема да биде вклучен.

Иако во текот на кариерата ги нокаутира Федор Емелијаненко и Алистер Оверем, 37-годишниот Бразилец изгуби 8 од последните 10 ММА борби, притоа седум пати е нокаутиран.

На насатнот во Гуангжу ќе се одржи борба за титулата во средна категорија меѓу Симон Маркус и Бразилецот Алекса Переира, како и турнирот во перолесна категорија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON