Рико Верховен му оддаде заслужена почит на својот тренер Денис Кравел.
Ова е човекот кој 17 години го тренираше шампионот на Глори. Шампионот во тешка категорија на Глори ја има титулата веќе една деценија. Достигнувањето на ова ниво и задржувањето на титулата е нешто што Верховен не може сам да го направи.
Зад големиот шампион стои тим и денеска Рико му оддава почит на својот тренер Денис Кравел, кој за него е повеќе од тренер.
„17 години крв, пот и солзи“, напиша Рико во видеото кое го објави на Инстаграм.
На 4 ноември, Рико Верховен се враќа Глори Колишн 6 за да ја брани титулата против привремениот шампион Тарик Осаро. Оваа борба критичарите ја сметаат за одлучувачка за шампионот кој веќе 1 година е надвор од рингот.
View this post on Instagram