Рико Верховен го тренира Мартин Форд за иранскиот Хулк

Бодибилдерот Мартин Форд очигледно сериозно го сфатил боксерскиот меч со Сајад Гариби, попознат како ирански Хулк. Тие ќе боксираат во април во Лондон. Нивното ривалство трае веќе неколку години во кое гледаме секакви закани и навреди од двете страни.

Сепак, муабетот заврши и тие двајцата тренираат како луди за во април да ги откачат главите. Многу луѓе мислат дека Форд ќе има слаби перформанси бидејќи нема искуство во боречки вештини.

Сепак, тој сака да ги демантира сите и тренира со Рико Верховен, кој е шампион во тешка категорија на кик бокс во Глори. Верховен се бореше со еден од најдобрите во историјата на кик боксот. Дефинитивно не го штеди Форд, кој се пожали дека му се затворило окото по спарингот со шампионот.

Мартин има 145 килограми и изјави дека е 100% сериозен во својот табор. Форд ќе помине извесно време во Холандија за да го апсорбира најдоброто.


ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON