Рико Верховен го победи Леви Ригтерс со прекин во 2. рунда и го освои турнирот во тешка категорија на Глори

Долгогодишниот владетел на Глори во тешка категорија, Рико Верховен, останува најдобар. Холандскиот кикбоксер е победник на турнирот во тешка категорија што се одржа синоќа во Арнхем.

Во финалето Рико го победи сонародникот Леви Ригтерс со прекин во втората рунда.

Одлично финале во кое гледачите видоа четири нокдаун, а Верховен беше блиску до пораз, но се созеде и на фантастичен начин ја заврши работата.

Во првата рунда го собори Ригтерс и се чеинеше дека ќе го нокаутира за брзо време, но издржа до крајот на рундата. Во втората рунда Ригтерс со удар од вртење го прати на подот Верховен кој едвај се созема. Потоа Рико напаѓаше и го погодуваше во левата нога која му ја оштети во првата рунда, а то аго комбинираше со аперкати. Двапати беше во нокдаун Ригтерс и судијата ја прекина борбата, но веќе и немаше сили од силните мечеви.

Заедно со трофејот на победникот на Гран при во тешка категорија, Рико заработи и награда од половина милион долари.

На патот до финалето, Верховен ги победи Софијан Лаидуни и Набил Хачаба, додека Леви славеше над Уку Јурхендал и Бахрам Раџабзаде.

На настанот во Арнем се одржаа уште неколку интересни натпревари.

Мароканецот Тарик Хбабез со поделена одлука го победи Донеги Абена од Суринам и го освои шампионскиот појас во полутешка категорија.

Успешен беше и неговиот сонародник Тјани Безтати, кој со едногласна одлука на судиите го совлада Германецот Енрик Кел во борбата за титулата во лесна категорија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON