Ригтерс го обезбеди мечот за титулата со Верховен по лекарска интервенција (ВИДЕО)

Леви Ригтерс (18-2) официјално е предизвикувач за светската титула на Глори во тешка категорија, откако забележа победа со ТКО над Бахрам Раџабзаде (69-3) за време на 95. издание на кик бокс настанот во Загреб.

Борбата беше прекината на триесетина секунди пред последниот удар во гонгот, бидејќи Азербејџанецот доби голема повреда на левата веѓа и лекарот мораше да интервенира.

Ригтерс има само два порази во професионалната кариера, од кои еден против Рико Верховен (64-10) во финалето на Гран прито во март. Сега ќе има можност да го земе светскиот појас на легендата за да воведе нова ера во кик боксот.

Двајцата ќе се сретнат на 7-ми декември на главниот настан на Глори Колишн 7 во Гелредом Арнхем.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON