Пред малку заврши Белатор 254 кој се одржа во Конектикат. Во главната борба видовме како шампионката во мува категорија Илима-Леј Мекфарлејн ја загуби титулата. Таа беше победена од непоразената Хулијана Веласкез и загуби со одлука – (48-47, 49-46, 48-47).
Во подглавната битка Магомед Магомедов дебитираше во организацијата. Тој доминираше над Матеус Матос и го победи со одлука по три рунди борба – (30-26, 30-27, 30-27).
Резултати – Белатор 254:
Хулијана Веласкез – Илима-Леи Макфарлејн со одлука (48-47, 49-46, 48-47)
Магомед Магомедов – Матеус Матос со одлука (30-26, 30-27, 30-27)
Линтон Васел – Рони Маркез со ТКО 2, 3:37
Ромеро Котон – Џастин Самтер со завршница 1, 3:36
Били Гоф – Робсон Грејси јуниор со ТКО 2, 1:46
Коди Ло – Кени Шампион со ТКО 3, 4:44
Грант Нил – Морис Џексон со завршница 2, 3:59
Шамил Никаев – Кемран Лачинов со одлука (29-28, 29-28, 29-28)