Ревизии – да, стопирање на процеси – не! Дали сме пред скандал?

 

Промените секој пат се добредојдени, со нив се подразбира дека ќе дојдат нови идеи и ќе се надоградат старите за подоброто на сите вклучени во еден процес, во случајов спортот.

Сепак, тоа не значи дека тековните процеси треба да се стопираат и дека се почнува одново, од почеток. Таквиот приод е со негативни последици за македонскиот спорт. Желбата да се преиспита работата на некои спортски федерации од страна на Агенцијата за млади и спорт (АМС) е неоспорна и тоа треба да го направи заради сите, односно новото раководство да има чиста ситуaција.

Од друга страна, тоа не значи дека треба да се сопрат тековните процеси, бидејќи и така нашиот спорт е на стаклени нозе, вака се наразува стаклото кое во најскоро време ќе се распарчи, така што многу спортови и спортисти ќе отидат во неповрат.

Не може да се запрат сите ислаќања; не може некои федерации да работата на вересија кај други субјекти само зато што некој сакал да преиспита некои работи; не може спортистите кои освоија медали на Олимпијади, Светски и Европски првенства да ги не добијат заслужените спортски пензии; не може на некого да му одземате пари зашто мислите дека му се многу и кој едвај се подигна од долгогодишниот нокаут, бидејќи тие пари се доделени врз основа на законски одредби итн…

Наместо да слушаме за подобрување на законските одредби кои имаат недостатоци, само се слуша за соработката со невладиниот сектор, а спортот се турка в ќоше. Некој се сомневал во нешто. Прашањето е што правеше сите овие години во АМС, или сега му е мајката за нешто друго!?

Ако не се одблокира сегашната состојба, целата работа мириса на скандал од огромни размери, а однесувањето на некои лица забегува во друга насока, која е спротивна на законот.

Замислените ревизии спроведете ги но не ги блокирајте тековните процеси, зашто така му одмагате на спортот. „Добронамерните совети“ ја вртат водата на поединечни воденици, а тоа е спротивно, прво на спортското однесување, а потоа и на Законот.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON