Реваншот меѓу Мани Пакијао и Џеф Хорн може да се одржи на крајот на годината. Ова го објави бокс проомуторот на Филипинецот, Боб Арум. Според него, најсериозна опција за домаќин на средбата повторно е Австралија.
„Веќе почнаа да се нудат безумни суми за организацијата на дуелот. Интересот е многу голем. Средбата може да се одржи во ноември или декември“, изјави Арум.
Хорн изненадувачки на поени го победи Пакијао и му ја одзеде титулата. Според договорот за спроведување на мечот, Азиецот има право на реванш.
Во исто време Светската боксерска организација одби да направи истрага за контроверзниот резултат во картичките на судиите.