Ретка снимка на Жан-Клод ван Дам од карате спаринг во младоста (ВИДЕО)

Сите знаат, а некои и паметат дека Жан-Клод ван Дам беше голема ѕвезда во боречки филмови од 80-тите и 90-тите години. Актерот учествуваше во Крвав спорт, Кикбоксер, Универзален војник и уште многу наслови, а за разлика од некои други во филмската индустрија, тој навистина ги владее боречките вештини.

Познат по своите удари, Жан-Клод започнува со шотокан карате и кикбокс, како последица на тоа тренира и таеквондо и мај тај.

Во следните кадри од 1983 гоидна гледаме како младиот Ван Дам  дискутира за карате, а потоа се впушта и во спаринг против тренерот Вилијам Делвал.

Иако е во повозрасни години, Ван Дам продолжува со акциските настапи, учествувајќи во вториот Expendables, како и во многу други проекти.

Неодамна беше тема и во вестите поради инцидент со поранешниот шампион во перо категорија, Коди Гарбранд. Актерот бил повикан во салата, за да покаже неколку техники, но случајно го мавнал Гарбранд во препоните.

Ова се мали хирови. Сега ви претставуваме ретките кадри кои покажуваат како Жан-Клод Ван Дам спарингува во младоста:

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON