Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, им посака среќа и успех на македонската репрезнетацијата во традиционално таеквондо на Европското првенство во Талин, Естонија, од 28 април до 4 мај.
Пецаков им посака среќа и изрази желба повторно да се вратат со успех, како од претходните европски првенства.
„Сите учесници на репрезентацијата со посетата на градоначалникот Кирил Пецаков добија додатна мотивација за претставување на боите на нашата држава и изразија подготвеност да дадат се од себе, за да можеме повторно да се гордееме со нив. Оваа вест ја пренесува важноста на поддршката за спортските тимови и мотивирањето на спортистите, особено кога станува збор за претставување на земјата на меѓународни натпревари“, изјави претседателот на МТТФ Марјанчо Лазаревски.
За нашата репрезентација ќе настапат шест натпреварувачи.
Христијана Парулеска – јуниорки 16-17 години во форми црн појас 1 дан и борби -58 кг;
Давид Крстески – јуниори 16-17 години во форми црн појас 1 дан и борби -63 кг;
Божидар Димитриевиќ – сениори 18 -35 години во форми црн појас 1 дан и борби -85 кг;
Миа Танеска – кадетки 11-13 години во форми за црвен појас и борби +55 кг;
Марио Крстески – сениори 18-35 години во спаринг борби -58 кг;
Владимир Димитриевиќ – јуниори 16-17 години во спаринг борби -69 кг.