Репрезентацијата во борење патува на Европското првенство (У-23) во Нови Сад (ФОТО)

Македонската репрезентација во борење слободен стил до 23 години утре патува на Европското првенство од 8 до 10 март во Нови Сад, Србија. Боите на нашата репрезентација ќе ги бранат Халид Османи (-57 кг), Елмедин Сејфулаху (-61 кг), Фати Вејсели (-65 кг) и Бунјамин Нуиши (-86 кг).

„Максимално се подготвени и најважно е што нема повреди, а имаа и контролни борби. Очекувам добар, односно мининален пласман на 5 место. Од друга страна, мора да наглсам дека Фати Вејсели и Елмедин Сејфулау имаат само  по 19 години во оваа конкуренција“, вели тренерот на репрезентацијата Лулзим Вренези.

Тој истакнува дека нашиот репрезентативен состав имал добри подготовки, прво 23 дена во зикскиот спорстки центар „Белмекен“ во Бугарија, до Нова година. Во јануари продолжуваат во Скопје, во што велгува и Изборното првенство, а речиси цел февруари, 27 дена, пак се на подготовки во Бугарија и настап на Меѓународниот турнир „Петко Сираков“.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON