Репрезентативците во борење на подготовки од 21 март, Вардар со барања до ФБСМ

Федерацијата за боречки спортови на Македонија (ФБСМ) за Меѓународниот турнир „Дан Колов“ во Бугарија од 7 до 9 април, за Европското првенство до 23 години и за понатамошмите програмски активности на подговки од вторник (21 м арт) повика 9 борачи.

Федрацијата смета на услугите на:  Бехар Махмути – Тефејуз, Елмедин Сејфулаху – Лирија, Владимир Егоров – Вардар, Ријад Реџепи – Лирија, Михаил Николов – Балканец, Рамадан Реџеповски и Бунјамин Нуиши од Тефејуз, Бобан Савев – Балканец и Мохамедгаџи Нуров- Вардар.

Само Бехар Махмути е ставен на списокот за ЕП во У-23.

Пред некое време имаше недоразбирање меѓу репрезентацијата и Вардар во врска со неговите борачи Владимир Егоров и Халил Зубаиров за настап на Меѓународниот турнир „Јашар Догу“ во Турција, пред се околу извстувањето (задоценто според Вардар-н.з.) и сносувањето нан трошоците, бидејќи овие борачи тогаш заминаа од Македонија за Русија. Тогаш од репрезентацијата и ФБСМ беше речено дека не ги почитвале Правилникот.

Поучени од претходното искуство, Вадрар испрати известување до ФБСМ дека го потврдуваат учеството со неколку прашања.

Од Вардар прашуваат зошто на списокот го нема Халил Зубаиров кој е носител на бронзен медал од ЕП У-23 во Полска и е прв на Изборното првенство на Макдонија што се одржа пред еден месец во категоријата до 86 килограми. Оттаму сметаат дека тој е кандидат за висок пласман и на „Дан Колов“ и на ЕП во Србија.

За да стигнат борачите на Вардар од Русија во Македонија, тие бараат на нив да им бидат обезбедени патни трошоци, авионски карти, претстој, дневници и спортска опрема.

Од Вардар бараат Егоров да биде пријавен за ЕП до 23 години во Унгарија со нивни тренер.

Од секретаријатот на ФБСМ упатиле извстување дека Управниот одбор на ФБСМ има донесено одлука во која сите репрезентативци на Република Македонија кој се повикани на подготовките потребно е да дојдат во Скопје на 21 март 2017 во 16 часот во хотел Истанбул.

„Трошоците до пристигнување во Скопје се на товар на клубот (се однесува за сите повикани репрезентативци). По пристигнувањето Федерацијата на боречки спортови на Македонија ги презема репрезентативците и сите трошоци што се однесуваат на хотелско сместување, храна, транспорт од хотел до базата каде ќе се одвиваат подготовките се на товар на ФБСМ. Транспортот од Скопје до местото на одржување на турнирот или првенството, хотелско сместување, храна и враќање назад до Скопје, исто така се на товар на ФБСМ. Се однесува за сите репрезентативци подеднакво“, се наведува во извстувањето од секретаријатот на ФБСМ, со потсетување до Вардар во иднина секогаш кога ќе испраќаат официјални соопштенија истите да бидат заверени со печат од клубот и потпис на официјално лице (претседател) на клубот.

Ipon.mk/В.Д.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON