Светското првенство за кадети, јуниори и јуниори 21 во Џакарта, Индонезија, е уште една можност за докажување на квалитетот на македонското карате, но и надеж за нови успеси, а за тоа имаме адути.
Каратистот на Металург, Виктор Крстевски, веќе е искусен натпреварувач и во категоријата до 84 килограми води голема битка на сите натпреварувања, како и место во најдобрата селекција,покрај Симон Антиќ, Берат Јакупи, Жарко Арсовски, а во конкуренција на У-21 го чека голем предизвик на Светското првенство во Џакарта, Индонезија.
„Светското првенство во Индонезија ќе ми биде трето на кое што ќе учествувам, по првенствата во Малезија 2011 и во Шпанија 2013 година. Очекувам одличен настап на ова првенство заради одличната подготвеност и добриот настап на Премиер лигита и Балканското првенство годинава. Како освојувач на европски јуниорски медал (2013год,) имам право да бидам оптимист и да се надевам дека од Џакарта ќе се вратам со еден од медалите. Но пред се, треба да дадам максимум во секоја од борбите, затоа што само на тој начин може да се надеваме на медал“, категоричен е Крстевски.
Европската шампионка во кадетска конкуренција, Вероника Костовска од КК Кеикс, ќе настапи во јуниорска конкуренција, која е пред дополнителен притисок-секогаш да се биде на врвот.
„Ова е мое прво СП, на кое очекувам да го дадам својот максимум, иако сум европски шампион во кадетска конкуренција ова за мене е едно ново искуство и нова конкуренција. Ова ми е и прво искуство во јуниорска конкуренција, што е нов предизвик за мене, но без потценување и преценување на некого ќе го дадам мојот максимум за да напраам резултат на ова натпреварување“, нагласува Вероника Костовска.
Емилија Јаниќ од Олимпик Спорт 2007 во полседно време се истакна со добрите настапи, па СП е дополнителен предизвик.
„Гледам на тоа како голем предизвик за мене, затоа што таму одат најдобрите и не знам како ќе биде, но во секој случај гледам од позитивната страна и ќе го дадам максимумот! Сум учествувала на многу значајни натпревари, но ова за мене е големо достигнување што успеав да стигнам до Светското првенство во Индонезија. И, тоа претставува најголем мотив за мене и се надевам на позитивен резултат“, категоирчна е Јаниќ.
На младиот Абдурахим Идризи ова му е прво големо натпреварување и е прв преставник на светско првенство од неговиот клуб Форца од Скопје, затоа чувствата и учеството на Светското првенство во Џакарта-Индонезија, се голем предизвик за кадетот во изведбата на кати..
„Се чувстувам одлично. Во одлична форма сум и возбуден сум, затоа што прв пат ќе учествувам на ваков голем настан. Горд, затоа што ќе бидам дел од државната репрезентација и се надевам дека ќе освојам медал“, вели Идризи.
Тој и се заблагодарува на сите што придонесоа да учествува на СП, како тренерот Муарем Имери, градоначалникот на Чаир, Изет Меџити и преседателката на клубот, Шкодране Дардишта, која покри поголем дел од финансиската конструкција за СП. Посебна благодарност изразува на неговите родители, кои го подржуваат на секаков начин, морален и финансиски.
„Што се однесува до тоа како се чувствувам како прв претставник на КК Форца на ваков голем настан, нормално, дека чувството е одлично. Јас и друг пат, во некои други ситуации, сум бил првиот што направил нешто. На пример, прв освоив златен балкански медал и сл. Чувството е одлично, се надевам дека и во иднина ќе бидам дел од репрезентацијата“, констатира Идризи, кој еден од најмалдите во нашата репрезентација.
Азис Исмаил (Металург) буквално во мртва трка со Петар Заборски (Макпетрол) го избори местото во репрезентацијата преку многу квалитени натпревари во Карате 1 Премиер лигата.
„Очекувањата ми се преголеми. Ова е добра прилика за мене, затоа што пет месеци без престан и со макотрпна работа се подготвува за ова првенство. Без оглед на тоа што категоријата ја почнав со минус бодови, а стигнав до + бодови за мене. Подготвен сум да дадам се од себе и да донесам медал за Македонија. Во мртвата трка со Заборски успеав да ја добијам. Двајцата, како европски вицешампиони, покажавме голем квалитет, но на крајот поуспешен бев јас. Затоа сум горд на себе и морам да искажам голема благодарност до моите тренери кои што пет месеци без престан беа зад мене и ми ја дадваа нивната поддршка до последен момент. Се надевам на добри вести од Индонезија“, категоричен е Исмаил.
Слобдно може да се рече дека ова е година на младиот кочанчанец Адил Мехмед (Металург), кој го покажа својот талент на повеќе натпревари.
„Од Светското првенство очекувам да се вратам со медал! Самоуверен сум бидејќи сум добро подготвен. Претходните шест месеци ги посветив на подготовки за овој голем натпревар. Се надевам дека ќе прикажам добри борби и дека на Македонија ќе и донесам медал“, самоуверено вели Адил Мехмед.
Ipon.mk/В.Д.