Репрезентативците на Македонија во кадетска конкуренција од КК. Олимпик спорт имааа забележителен настап на меѓународниот турнирт „Белградски победник“. Емилија Јаниќ (+ 54 кг), Фахик Весели (- 52 кг) и Столе Смилковски (- 57 кг) ги освоија првите места, додека Марко Костов го освои второто место, а машката екипа во борби беше втора, која имаше учинок 3-1-победи и порази.
Магадалена Божновска (+47 кг) е прва кај пионерките, Марио Свинарски (-45 кг) трет, а со бронза се закити сениорот Александар Јаниќ (-67 кг).
„Со висок резултат над нивните противници од целиот Балкан, како и клубови од Украина и Франција. Можам да кажам дека сум задоволен од постигнатиот успех. Битно ми беше да направат што е можно повеќе борби, кои им се потребни во овој дел од тренажниот процес за постигнување на висок резултат и квалитетен настап на големи натпреварувања, како и одрзување на формата. Истите настапија и како екипа. Вкупно имаа 20 мечеви. Сите имаа победи во поединечна конкуренција (кадетите), при што ги своија 1-те места, а екипно се 2 место“, велат тренерите на КК Олимпик, Александар Кузмановски и Кристијан Младеновски.
ipon.mk/В.Д.