Џудо репрезентативката Катерина Николоска во саботата на Купот на ЏК Профектус во Самобор – Хрватска, успешно го положи и практичниот дел за судии во Хрватска под надзор на ИЏФ (IJF) судијата и раководител на судиска комисија при Хрватската џудо федерација, Давор Мараниќ.
Таа претходно на 10 декември 2016 година го положи писмениот дел за судии во Хрватска, под раководство на Хрватската џудо федерација и ИЏФ (IJF) судијата и раководител на судиска комисија во Хрватска Мариниќ. Со ваа лиценца Николоска може да суди на натпреварувањата во Хрватска.
Инаку, Николоска во Хрватска работи како џудо тренер во Џудо клубот Пујанке во Сплит.
Таа таму тренира и се подготвува за претстојните натпревари на македонската репрезентација и клупски натпревари со ЏК Миоки од Скопје.
„Во Хрватска има систем каде што прво се полага за судија, односно се појавуваш на писмен дел, ако го положиш стануваш приправник додека не го положиш и практичниот дел. Сметав дека имам доволно искуство за да се појавам на практичниот дел од испитот. Ова беше втор критериумски турнир на кој може да се полага практичен испит“, објсни Николоска и додаде дека Хрватите своите судии ги рангираат како А, Б И Ц категорија и приправници.
„Сега сум со Ц категорија и можам да судам на сите турнири кои се на територија на Хрватска, освен државни првенства и на турнири надвор од хрватската држава. За да полагам Б, а потоа и за А судија има правилник по кој треба да се водиш. Хрватската федерација за да дозволи нивни судија да полага за европски судија, значи во редовите на Европска џудо унија кој би судел.на европски првенства и понатаму за ИЏФ континентален, мора да помине низ овај филтер Ц па Б па А“, истакнува Катерина Никлоска.
За понатамошно полагање има официјални европски купови и натпревари на кои може да се полага.
Дали ова значи дека со оваа лиценца може да суди и во Македонија?!
„Во Македонија полагав пред 5 години и начелно ми беше кажано дека сите сме положиле. Немав дозвола да судам на Државни првенства, затоа што сум била натпреварувач, дури и на Државни првенства за пионери и постари пионери и кадети. Оваа лиценца ќе важи во Македонија, доколку не кажат дека не важи. А, не гледам причина зашто не би важела, кога Хрватска е далеку пред нас во спортот и во поставувањето на работите“, наведува првата џудо олимпијка.
Ipon.mk/В.Д.