На карате репрезентативците и тргна ова лето, еден по еден скокаат во тавче. Синоќа четиригодишната врска меѓу репрезентативецот Шабан Муртиши и Шпендиме Етеми беше крунисана со веренички прстени.
Избраничката на животот на Шабан, Шпендиме Етеми свири пијано, а и таа е од Струга.
„Среќен сум што ја крунисавме нашата врска. Наредниот месец ќе дипломирам и од оваа есен планирам да се вработам како професор по физичко образовани и култура во родното Радолишта“, вели среќниот каратист Муртиши, кој синоќа на свеченост во еден струши ресторан ја прославија веридбата.
Свадбата ја планираат за идната година, а за музиката не треба да се грижат, бидејќи татко и на Шпендиме е пеач. Ќе биде весело!
Да посетиме дека пред некој ден и Иво Цветковски се вери. Кој е наредниот каратист?
Ipon.mk/В.Д.