Македонскиот репрезентативец во борење, Владимир Егоров, вчера со СВ Бургхаузен ја освои титулата на Германија во Бундес лигата, откако во реванш финалето оваа екипа беше подобра Кoллербaх во големото финале и обезбеди шампионска титула.
Егоров се сретна со Микаил Саба (Молдавец) кој е светски универзитетски вицешампион до 70 килограми и бронзен од светското првенство во 2014 година во категоријата до 65 килограми. Од тактички причини Егоров беше прекомандуван во категоријата до 71 килограм, три категории повисоки над неговата. И како што се очекуваше, загуби убедливо, бидејќи беше жртвуван. Да потсетиме дека во првата средба извојува победа со технички туш, но во својата категорија до 65 килограми.
Егоров три години по ред е дел од бундеслигашкото финале, а втора година по ред е во „златниот тим“,“ односно освојувач на титулата во Бундес лигата.
Ipon.mk