Македонскиот репрезентативец во борење Могамедгаџи Нуров кој е со обезбедена олимписка норма се подготвува за следните предизвици, како што е Светското првенство, но за кое ОСБ (UWW) вчера на соопшти ниту датум ниту место на одржувањето.
Иако за време на светската пандемија поради Ковид-19 условите за тренирање се отежнати, а Олимписките игри откажани, нашиот олимпиец е 100 отсто активен. Нуров не го прекинува тренажниот процес, така што вардарецот работи со „полна пареа“.
Во моментов се подготвува Дагестан (Руска федерација), индивидуално тренира за подобрување на психо-физичките способности. Во следната етапа, најверојатно ќе ја продолжи во Санкт Петерсбург кај Могамед Ибрагимов.
https://www.instagram.com/p/CBnDPaHpcLu/?igshid=b2w98un7gubp
https://www.instagram.com/p/CBnDPaHpcLu/?igshid=b2w98un7gubp