Репрезентацијата на МТТФ освои 6 медали на „Кинг од таеквон-до“ во Солун, Миа Танеска најдобра кадетка

Македонската традиционална таеквон-до федерација (МТТФ) изминатиов викенд (13-15 декември) настапи на најсилниот Меѓународен ИТФ турнир А класа „10 Кинг оф таеквон-до”  во Солун, Грција, и освои 6 медали – 1 златен и 5 бронзени.

Освојувачи на медали се:

Миа Танеска – златен,  форми 6-4 куп,  девојчиња  и бронза во  борби + 55 кг, 12-13 години и пехар за најдобра кадетка;

Теодора Митреска – бронза, борби (– 58 кг, У-18) и бронза во форми 4-1 куп;

Божидар Димитриевиќ  – бронза, борби; (-92 кг, сениори 18-34 г.)

Марио Крстески – бронза, борби (-58 кг, сениори 18-34 г.).

„Миа Танеска, која е една од нашите помлади натпреварувачки, само пред неколку дена наполни 12 години и влезе во повозрасна категорија, кадетки 12-13 години. Иако  најмлада во категоријата, докажа дека  вреди во неа да се вложува. Таа се искачи највисоко на пиедесталот со пет победи  осовјувајќи го златениот медал во форми, и со две победи над домашни претставнички, се освои бронзен медал во борби. Со осовјувајнето на двата медали во две дисциплини го доби и пехарот за најдобра кадетка 12-13 години. И Теодора Митреска која се натперварува во категоријата У-18 години,  освои два медали (бронзи) и во форми и во борби. Во сениорска конкуренција со медали не израдуваа Боќидар Димитриевиќ и Марио Крстески осовјувајќи бронзени медали. На Хриситјана Парулеска поради повреда на коленото, од страна на докторската екипа, не и беше дозоволено да се бори. Одлично се претставија сите наши натпреварувачи, посебно Давид Крстески и Владимир Димитриевиќ кои имаа домаинантни борби над домашните претставници, но, за жал, судиите безобразно им ги одзедоа победите, а тоа резултираше со негодување и протести од сите репрезентации. За жал, многу натпреварувачи, од сите репрезентации, беа оштетени од страна на домашните судии“, вели претседателот МТТФ Марјанчо Лазаревски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО