Вчера борачите во У-15 го повторија успехот на другарите од У-17, македонската репрезентација освои повеќе медали на Балканското првенство во Скопје и по бројот на освоени медали и во машка и во женска конкуренција го зазема третото место.
Денес на програмната се борбите во У-20, а ќе имаме претставници и во грчко-римски стил.
Медалисти на Балканското првенство:
У-15
-50 кг Бојана Ковачова – сребрен
-38 кг Лука Ананиев – сребрен
-50 кг Анастасија Трајчева – бронзен
-38 кг Абдурахман Ганиу – бронзен
-41 кг Андреј Мишев – бронзен
-52 кг Дардан Бела – бронзен
-62 кг Мердијан Џелили – бронзен
-68 кг Зоран Шоров – бронзен
-68 Филип Тодоров – бронзен