Ренан Фереира со први зборови по веста за борбата со Френсис Нгану (ВИДЕО)

Ренан Фереира (13-3) и официјално влегува во подготвителен режим за наесен за пресметката со Френсис Нгану (17-3) во октагонот на ПФЛ, а со тоа дојде време и за неговата прва изјава откако мечот беше потврден од организаторите. Тој викендов влезе во „паметниот кафез“ како специјален гостин за плејофот во полутешка и полутешка категорија.

Тој рече дека е подготвен да докаже дека е легитимен шампион во кафезот, откако ги нокаутира сите противници во минатогодишното издание на регуларниот шампионат, а потоа му го направи истото на Рајан Бадер (31-8) во Балатор’с клеш оф чемпионс.

„Предаторот“, пак, се подготвува да дебитира и да се врати во кафезот по две и пол години надвор од него за да го оствари својот сон во професионалниот бокс со Тајсон Фјури и Ентони Џошуа.

Ренан Фереира и Френсис Нгану ќе ја предводат галата „Битката на великаните“ на 19 октомври во Саудиска Арабија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON