Македонските таеквондисти со вториот ден го постигнаа најголемиот успех досега на балканските првенства освојувајќи вкупно 18 медали – 4 златни, 5 сребрени и 9 бронзени на Балканско првенство во Букурешт, Романија.
„За македонското таеквондо ова е сигурен показател за големиот и брз раст на нашето олимписко таеквондо“, велат од Македонската такевондо федерација (МТФ).
И вториот ден на Балканското таеквондо првенство во Букурешт, Романија, беше успешен и рекореден за нашата репрезентација.
Денеска европксиот првак Дејан Георгиевски (+87 кг) ја покажа класата на врвен борец и дека е неприкосновен владетел на Балканот и со три победи и три нокаути трети пат по ред стана балкански сениорски шампион.
И Филип Додевски (-80 кг) докажува дека е во добра форма кој со две победи е вицешампион, бидејќи доживеа тесен пораз во финалето од бронзениот Молдавец на ЕП.
Најмладиот Филип Блажевски покажа дека и кај пионерите имаме потенцијал, па со две победи станапионрески првак.
Од 18 медали 4 се златни, а три од нив се во сениорска конкуренција, како и 4 сребра и 1 бронзен.
Освојувачи на медали
Сениори
-Златен медал за Дејан Георгиевски (ТК БУТЕЛ)
-Златен медла Марко Стевиќ (ТК БУТЕЛ)
-Златен медал за Костадин Георгиевски (ТК БУТЕЛ)
-Сребрен медал за Филип Додевски (ТК БУТЕЛ)
-Сребрен медал за Анамарија Георгиевска(ТК БУТЕЛ)
-Сребрен медал за Елена Трајановска(ТК ГОДЕЛ)
-Сребрен медал за Јована Костенцовска(ТК ГОДЕЛ)
-Бронзен медал Ивона Давиткова (ТК ТИГРИ)
Јуниори
-Бронзен за Василија Јовчевски(ТК ХВАРАНГ ФИСТ ОХРИД)
-Бронзен за Милијана Релиќ(ТК ТИГРИ)
-Бронзен за Викторија Радомировска(ТК КОБРА)
-Бронзен за Ања Пеиќ(ТК ТИГРИ)
Кадети
-Бронзен за Стефан Јовановски(ТК КОРИО)
-Бронзен медал за Александра Крстиќ(ТК ТИГРИ)
-Сребрен медал за Фросина Раевска(ТК БУТЕЛ)
-Бронзен медал за Јана Георгиева(ТК КОБРА)
Пионери
-Златен за Филип Блажевски со две победи(ТК БУТЕЛ)
-Бронзен за Ангеловски Александар (ТК КОРИО)
Ipon.mk