Рејес: УФЦ треба да му ја одземе титулата на Џон Џонс

Поранешниот предизвикувач за титулата во полутешка категорија, Доминик Рејес, сака УФЦ да му ја одземе титулата на Џон Џонс, кој е шампион во категоријата.

На почетокот на годината видовме битка меѓу нив, која беше многу оспорена и стигна до судиска одлука во корист на Џонс. Рејес го загуби непоразениот статус, сепак, верува дека бил ограбен од судиите.

До денес Џонс има лоши односи со УФЦ, а пред неколку недели објави дека ја ослободува титулата и нема да се бори во наредните години. Од УФЦ продолжуваат да го држат на ранг листата како шампион и сè уште не му го одземале златото. Тоа требало да се промени, според Рејес, кој тврди дека Џонс е во пензија и треба да му биде одземена титулата.

„Ако Џон Џонс не сака да се бори, тогаш тој завршил со натпреварите. Тој завршил и треба да му ја земат титулата. Се е готово, затоа што Џонс е во пензија. Тој веќе рече дека нема да се бори. Не знам која е неговата цел. Можеби сака да направи нови фанови.

Само што требаше да има реванш со мене. Нема зошто две години да е неактивен, а кога ќе објавам нов шампион да се врати и да каже дека тој е неоспорен шампион. Нема како да му се каже, кој ќе стане нов шампион дека треба да си замине“, порача Рејес.

https://www.instagram.com/p/CCbemPSpqjn/?utm_source=ig_embed

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON