Рејчел Остович: Плував крв по претепувањето

Пред неколку дена стана јасно дека натпреварувачката на УФЦ, Рејчел Остович била брутално претепана од својот маж, кој исто така е ММА борец. Имаше малку информации во врска со инцидентот, но се знаеше дека е во болница со скршена јаболчна коска и други повреди. Сега веќе е дома и одлучи да јгорасветли овој случај.

„По помината вечер надвор со семејството, Арнолд Бердон почна да ме удира по главата, лицето и ребрата, и од тие удари паднав на подот. Успеав да земам здив и да избегам преку балконот. Неколку пати кашлав крв. Заработив скршена јаболчна коска“.

Бердон е уапсен од страна на полицијата и обвинет. Рејчел веќе има налог за ограничување на движењето и во тек е истрагата. Таа требаше да се бори во јануари следната година против Пејџ Ван Зант, но поради бруталното насилство таа се повлече од борбата.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON