Натпреварите во Регионалната боксерска лига од оваа година ќе се одвиваат по брегер системот, односно клубовите че бида поделени во две групи, а потоа ќе има плеј-оф и плеј аут, ова вчера беше решено на состанокот на РБЛ во Ваљево во Србија. Илија Младеновски е главен претендент за претседател.
„Ваквата измена се прави од финансиски причини, односно послабите екипи да имаат помалку трошоци“, вели потпретседателот на РБЛ Илија Младеновски.
Покрај тоа, најавено е дека во Лигата ќе се вклучат една до две екипи од Босна и Херцеговина, од кои една е Радник од Бјелина, а првото коло ќе стартува на 10 март.
Младеновски кој на состанокот беше со Благој Донев, како претставник на УО на БФМ, посочува дека наредната недела ќе има уште еден состанок, најверајтно во Белград, за да се допрециизраат работите и да се изберат претседател на УО, директор и техничи секретар. Но и во Надзорниот одбор ќе бидат вклучени претставници на национланите федерации без право на глас.
На претходниот состанок Славиша Чуровиќ беше избран за претседател кој во меѓувреме се повлече, како и советникот на претседателот Јурица Рунтиќ.
На состанокот во Загреб беше направено жребувањето за втората сезона на РБЛ со 6 екипи од 4 држави. Македонија ќе ја претставува репрезентацијата во бокс.
Во првото коло на 10 март ќе се сретнат:
Македонија- Кро тим
Металац- Лозница
Гладијатор- Подгорица
Средбата на Македонија и Кро тим треба да се одржи во Штип.
Ipon.mk/В.Д.