Регионалниот бокс тим – Италија во Подгорица, Младеновски и Антељ селектори (ФОТО)

 

Слободан Петровиќ и Виторио Лаи-претседател на Италијанската федерација

Денес во Загреб се одржа состанок на Управниот одбор на Регионалната боксерска лига (РБЛ), а домаќин беше БК Сесвете. Членовите на Одборот оценија дека првиот дел од Лигата беше многу добар и дека овој тип на натпреварување во боксот е потребен и дека РБЛ ги оправда очекувањата.

Донесена е одлука за формирање Регионален тим кој ќе се бори против италијанската национална селекција до крајот на годината. Мечот ќе се одржи во Подгорица, а домаќин на средбата е Боксерскиот сојуз на Црна Гора, при што ќе има пенос во живо за целиот регион. Селектори на Регионалниот тим се Томислав Антељ од БК Спартак од Суботица и Илија Младеновски од БК Пинк Пантер од Штип.

За почесен претседател на РБЛ е избран Слободан Петровиќ, човекот кој целиот свој живот го посевти на боксот и кој извадил многу боксери и  уживаа голема репутација во АИБА и ЕУБЦ.

Секоја од земјите-членки на РБЛ, исто така ќе се кандидираат за едно од Европските првенства за сениори, У-22, јуниори, кадети, деца, а целта е со тие натпреварувања боксот уште повеќе да се популаризира.

Нов спонзор на РБЛ кој прв ја препознал визијата на Лигата, работа и труд, е компанијата Плантаже доо од Подгорица, Црна Гора.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON