Вчера во Ваљево-Србија, се одржа состанок на Управниот одбор на Регионалната лига во бокс по некои недоразбирања што настанаа во пресрет на 4.коло.
„Се помина во позитивна атмосфера. Ги нотиравме забелешките и констатиравме дека треба да има мали отстапки додека се се консолидира во Лигата“, изјави потпретседателот на УО, Илија Младеновски, при што додаде дека е донесено одлука мечевите од Регионалната лига да ги следат по четири неутрални судии. Исто така е договорен и календарот, кој почнува од од 13 мај во наредните три недели.
„Имавме добри, позитивни разговори. Сите сааат првенството да заврши регуларно. Се јавуваа технички проблеми, кои можеа да го нарушат нормалното одвивање на првенството .Се договоривме да ги надминеме проблемите. Донесоваме повеќе одлуки. Заради зафатеност, беше прифатена оставката на директорот на Регионалната лига Драгољуб Рдовиќ. Во меѓу време ќе се раеговара за нов директор. Исто така, во иднина сите средби ќе ги судат неутрални судии, а не како што беше досега да суди и по еден домашен судија. Првенството ќе продолжи на 13 мај, со 4 коло. Ние гостуваме во Лозница, на 20 мај, ја пречекуваме екипата на Славија од Бања Лука, а на 27 мај ќе гостуваме на Металац- Лазаравац. Во секој случај , носиме убави впечатоци од Ваљево“, истакна првиот човек на Пинк Пантер и член на УО на РБЛ.
„Во Ваљево слушнавме убави зборови за организираноста на нашиот клуб. Сите зборуваа со пофалби за Штип и Пинк Пантер. Сега уште повеќе се зближивме со сите раководители на клубовите во Регионалната лига. Во иднина очекуваме и подобри резултати , посебно на средбите со Лозница и Славија“, посочува капитенот на екипата, Димитар Ташков.
Директорот на Лигата, Драгољуб Радовиќ, си поднел оставка од лични причини, однонсо од преголема ангажираност како генерален секретар на Боксерскиот сојуз на Србија, супер визор на АИБА и директор на РБЛ. Бидејќи работата бара могу посветеност тој не можел да го издржи темпото. Иако сите во УО сакале да остабне на функцијата, но ја почитуваат неговаат одлука.
„Имаме човек, но прво да го прашаме дали ќе се согласи за оваа функција“,вели Младеновски.
Состанокот поминал во позитивна атмосфера и добар пречек од домаќините.
„Во наредните две кола планираме победи во Лозница и против Славија на домашен терен, зашто ќе влеземе засилени и подготвени. Односно по подготовките на репрезентацијата во Турција, а поголем дел од нив настапуваат за Пинк Пантер, очекуваме да бидеме посилни и поопасни за секоја екипа“, исткана претседателот на Пинк Пантер, Илија Младеновски.
Ipon.mk/В.Д.